Музиката ги зближува луѓето каде што зборовите на политичарите не успеваат
На сцената во Долни Сарај, завчеравечер, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која допре до публиката









