Цените на златото пораснаа за речиси два проценти, над 5.120 долари за унца
Цената на златото вчера се зголеми за речиси два проценти, над 5.120 долари за унца, откако неповолните податоци од американскиот пазар на трудот за февруари ги поттикнаа стравувањата од можно економско забавување. Тоа ги натера инвеститорите да побараат засолниште во благородниот метал, и покрај постојаните инфлациски притисоци, објави „Трејдинг економикс“

