Хоџа: Со инвестиција од 11 милиони евра, доделуваме опрема за селекција на отпад на 18 општини во Пелагонија и Југозападниот регион
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес од Новаци, најави дека управувањето со отпадот и намалувањето на аерозагадувањето се меѓу врвните приоритети на неговиот мандат. Во таа насока, денес започна реализацијата на регионалниот модел за управување со отпад, со инвестиција од околу 11 милиони евра во опрема за селекција








