Левица: МОН повторно ги крие бодовите за студентските домови, а Ревизија веќе предупреди дека тоа овозможува фаворизирање
„ДПМНЕ повторно бара од студентите да ѝ веруваат на збор, наместо да им покаже како се распределуваат местата во студентските домови. Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот, но транспарентна ранг-листа со освоени бодови повторно нема. А токму бодовите се суштината на постапката – кога за едно легло конкурираат повеќе








