Скопје домаќин на 11-тото издание на минибаскет конвенцијата во организација на Кошаркарска федерација на Македонија и FIBA
Скопје од 4 до 7 јуни ќе биде домаќин на 11-то издание на Европската конвенција за минибаскет, настан кој ќе ги собере тренерите од повеќе европски земји специјализирани за работа со најмладите категории во кошарката. Конвенцијата е организирана од Кошаркарската федерација на Македонија во партнерство со ФИБА, а целта е унапредување на знаењата и методите



