Дефект остави без вода една скопска улица
Од скопски Водовод известуваат дека денеска поради дефект на огрлица на ул. Тиранска 28, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со санација на дефектот, известуваат од ЈП Водовод и канализација-Скопје.










