Вардар во супер-финиш со Охрид го освои петтиот Суперкуп трофеј!
Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 со пехар ја отвори домашната сезона и официјалните натпревари. Црвено-црните славеа над ГРК Охрид (32-31) во деветтото издание на Суперкупот на Македонија кој се одигра во Гевгелија и така дојде до петтото одличје во ова натпреварување. Чупиќ за првпат го победи Ројевиќ во новата сезона, по двата порази на подготвителните










