УГД Штип за акцијата на МВР: Нема да дозволиме каков било сомнеж да ја наруши вредноста на дипломите на илјадниците студенти
Во врска со денешните полициски дејствија и истрагата поврзана со сомнежи за злоупотреба на електронскиот систем за оценки од страна на вработено лице на Универзитетот, Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип информира дека УГД овозможува целосна, неограничена соработка со МВР и надлежното обвинителство за брзо и целосно расчистување на случајот










