Кошта доаѓа во Скопје, Македонија повторно бара гаранции дека уставните измени нема да бидат бесконечна серија нови билатерални услови од Софија
Посетата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Скопје доаѓа во момент кога македонската европска приказна повторно е сведена на истото прашање: како да се продолжи кон Европската Унија без државата уште еднаш да почувствува дека плаќа билет со сопственото достоинство. Тоа е јазолот што не се одврзува со една средба, ниту со една дипломатска









