Македонскиот павилјон во Венеција се отвора утре со проект на Велимир Жерновски
Македонскиот павилјон на 61. Биенале на уметноста во Венеција свечено ќе биде отворен утре, 8 мај 2026 година, во 18:30 часот, со проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ на уметникот Велимир Жерновски. Проектот, со оригинален наслов „Will my eyes be closed or open?“, е поставен во кураторска концепција на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес.






