Промовирана платформа за пријавување ѓубре и загадувачи во Скопје, Ѓорѓиевски вели ќе ја подобри хигиената во Градот
Полни контејнери низ Скопје, диви депонии и загадувачи, ќе можат да се пријавуваат на новата платформа „ЕкоСкопје“. Платформата ја изработија млади луѓе, а ќе ја користат службите на Град Скопје и јавните претпријатија. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека оваа платформа е различна од досега постоечките бидејќи пријавите од граѓаните ќе стигнуваат










