Охрид го доби дербито со Алкалоид и се врати на победнички пат, Вардар сигурен против Струга
Ракометарите на Охрид им се вратија на победите во Суперлигата, откако во дербито на колото го совладаа Алкалоид со 26-24 на домашен терен. По поразот од Вардар во претходното коло, избраниците на Борис Ројевиќ одиграа квалитетен натпревар и му го нанесоа првиот пораз на тимот од Автокоманда сезонава. Алкалоид подобро го отвори дуелот и поведе со 7-4,





