Запалена депонија во Арачиново го „задуши“ Ченто
Синоќа во доцните часови повторно се чуствуваше непријатен мирис во Ченто и околината на обиколницата, објави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој сподели видео и информираше дека инспекцијата која излегла на терен го известила дека мирисот доаѓа од пожарот на депонијата во Арачиново.