Ревизорски извештај за работењето на Агенцијата за филм за 2024 година
Поништен е конкурс за филмски проекти без законски основ, преземени се петпати поголеми обврски од одобрениот буџет, нема кадровски капацитети, ниту стратегија за развој на филмската дејност, нема попис на средствата. Ова се дел од забелешките што Државниот завод за ревизија ги утврди во извештајот за работата на Агенцијата за филм за минатата година


