„Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје–Блаце, работите стартуваат летово
Македонија летово ќе добие нов голем инфраструктурен проект, откако беше избран изведувач за изградба на втората делница од автопатот Скопје–Блаце. Станува збор за дел долг 10,5 километри, кој треба да обезбеди побрза и побезбедна патна врска со Косово и понатаму со регионот. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски информираше дека










