Калиопи со акустичен концерт во Скопје на 14 ноември
Калиопи ќе одржи акустичен концерт на 14 ноември во Филхармонијата, соопшти организаторот „Прагма продукција“. Калиопи на 19 октомври одржа концерт во полната арена „Борис Трајковски“ во Скопје, а новиот концерт се најавува како анплагд верзија и „100% во живо“. „Настанот е замислен како интимно и длабоко музичко искуство, целосно фокусирано на уметноста,