Го купија за само седум милиони евра, а сега Мартинели е најскапата продажба во историјата на Арсенал
Габриел Мартинели ја завршува својата авантура во Арсенал и кариерата ќе ја продолжи во саудискиот Ал-Хилал. Двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 59 милиони евра, со што Бразилецот ќе стане најскапата продажба во историјата на Арсенал. Мартинели веќе отпатува за Ријад, каде што треба да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот




