Откако преживеав осум часа во скривница бегајќи од пукање, мислев дека веќе нема да пеам, вели израелската евровизиска пејачка Јувал Рафаел
Пејачката од Израел Јувал Рафаел не ни сонувала дека ќе пее на Евровизија, што почнува вечерва во Базел, Швајцарија. Последниот голем музички настан на кој учествуваше беше фестивалот Нова, во Израел, каде што за малку не беше убиена. На 7 октомври во 2023, пејачката избега од фестивалот кога вооружени лица на Хамас почнаа да пукаат. Сега таа се подготвува