Кривична пријава и суспензија за полицаец од Чашка: Пукал со огнено оружје на семејна прослава
Министерството за внатрешни работи соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднел кривична пријава против полициски службеник од Полициската станица за граничен надзор Чашка, поради сомнение дека го сторил кривичното дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 став 3 од Кривичниот законик.









