„Кој женски лик ве промени?“ – отворен книжевен настан по повод Денот на жената
По повод Меѓународниот ден на жената, издавачката куќа „Сакам книги“ организира отворен женски книжевен настан што ги повикува читателите да зборуваат за женските ликови од книгите и жените што стојат зад книгите, кои им оставиле трага. Настанот ќе се одржи во сабота, на 7 март, со почеток во 12:00 часот, на платото пред книжарницата „Сакам книги“



