Азербејџански Кур ќе биде противникот на чаирчанки во Европскиот куп
Азербејџанскиот првак Кур од Мингачевир ќе биде противник на Чаир во третото коло на ЕХФ Европскиот Куп за дами. Чаир е единствениот македонски претставник во европските купови во женска конкуренција, а на денешната ждрепка во Виена го добија тимот на Кур за ривал во битката за место во осминафиналето.


