Брегалница доби нов шеф: Џенгис Реџепи пристигна во Штип со сериозно тренерско искуство!
Фудбалскиот клуб Брегалница од Штип доби нов предводник на стручниот штаб. Џенгис Реџепи е новиот шеф на стручниот штаб на „сините“, откако клубот официјално го потврди неговото назначување. Станува збор за тренер со богато меѓународно искуство, кој зад себе има работа во повеќе клубови од регионот, но и искуство од највисоко репрезентативно ниво.


