Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали
Едно лице настрада во сообраќајна незгода што вчера се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, на излезот од Охрид во близина на локалитетот „Мауцкер“. Како што се посочува во информацијата од полицијата, во СВР Охрид e пријавено дека патничко возило „хјундаи гец“ прво удрило во кучиња скитници, потоа во металните браници покрај патот и се запалило









