Јашари: Имам македонски корени, но утре ќе дадам сѐ за победа на Швајцарија
Македонија утре на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го отвори новото издание во Лигата на нации против фаворитот Швајцарија. За нашиот национален тим ова е историски настап во Лига Б, додека Швајцарците во Скопје пристигнуваат откако во претходниот циклус испаднаа од елитната Лига А. Селекцијата на Мурат Јакин во Македонија доаѓа со јасна цел,




