Двегодишно дете со прострелна рана на главата и 20 повредени од пиротехника примени во скопските болници на новогодишната ноќ
Хируршките клиники во Скопје известија за тешка новогодишна ноќ со значително зголемен број повредени во споредба со претходните години, а лекарите посочуваат дека голем дел од случаите се поврзани со алкохолизирана состојба. Најтешкиот инцидент е приемот на двегодишно дете на одделот за интензивна нега со прострелна рана на главата од огнено оружје,









