Македонија вечерва против Луксембург ги започнува квалификациите за ЕП 2028
Македонската машка ракометна репрезентација вечерва ги започнува квалификациите за Европското првенство во 2028 година. фото: РФМ Прв противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе биде селекцијата на Луксембург, во натпревар што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 19 часот. Капитенот Филип Кузмановски очекува победа









