Еурофарм Пелистер доведе двометраш кој лани играше за Веспрем
Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, доведе нов кружен напаѓач, со што ја пополни празнината по заминувањето на Мохамед Калед Валид на почетокот од годината. Нов член на битолскиот клуб е Хрватот Никола Граховац. Овој 27-годишен пивотмен се обврза на договор со битолскиот клуб до крајот на сезоната, со опција за продолжување и за следната


