Лазаров: Мора да го следиме скандинавскиот стил, да вложуваме во младите категории!
Македонската ракометна репрезентација го освои 14-то место на Европското првенство кое официјално заврши денеска, а го освои Данска. Нашите момци на стартот беа поразени од новиот првак, одиграа реми со Португалија и ја победија Романија. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци потврдија дека се на вистинскиот пат кон градењето на новата генерација,

