„Убавините на Скопска Црна Гора“ ве носи на врвот Ѓафа
На 04.01.2026 година, здружението „Убавините на Скопска Црна Гора“ организира искачување до врвот Ѓафа, кој е на надморска височина од 1.068 метри. – Движењето ќе започне од последната автобуска станица во Стајковци и по Брњарски пат ќе се продолжи кон Страчинскиот Kанал, па нагоре кон ливадите кон Студено и потоа кон Ѓафа – соопштија од здружението

