По 65 пат Струга е светска престолнина на пишаниот збор: Почнаа Струшките вечери на поезијата
Со традиционалното палење на фестивалскиот оган и рецитирањето на незаменливата „Т’га за југ“ на Константин Миладинов, во Домот на поезијата во Струга свечено започна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот – Струшките вечери на поезијата. Под мотото „Каде што живее поезијата“, Струга уште еднаш ги обедини поетите од сите










