Емотивно до даска во Белградска арена за Дуле
Партизан и Гробари му оддадоа почит на легендарниот Душко Вујошевиќ пред мечот против Жаргирис во Евролигата. Колективна тага владееше во салата, а многу навивачи беа во солзи за најтрофејниот тренер на црно-белите, кој почина пред три дена на 67-годишна возраст.





