Квалификации Европска лига: Висок пораз на Алкалоид на гостувањето во Хановер
Со десет голови негатива се враќаат ракометарите на Алкалоид од првиот натпревар на гостински терен во квалификациите за пласман во Европската лига, откако вчера загубија од домаќинот Хановер – Бургдорф со 37-27. Избраниците на Кирил Лазаров на полувреме заминаа со негатива од четири голови (19-15), која пред сè се должеше на бројни неискористени идеални