Во Косово уапсен „нарко-баронот“ Гзим Чеља, баран од органите во Албанија и Италија
Косовската полиција соопшти дека го уапсила 55-годишниот албански државјанин Гзим Чела, познат како „нарко-барон“по кого е распишана потерница од надлежните органи во Албанија, бидејќи е осуден на затворска казна од поранешниот Суд за тешки кривични дела во матичната држава, како и од италијанските правосудни органи – јави дописникот на МИА од Приштина