Баерн постави рекорд во Бундеслигата
Екипата на Баерн Минхен го постигна својот 50. гол вчеравечер во ремито 2:2 со Мајнц во 14. коло од германската Бундеслига. Тимот од Минхен постави нов рекорд по ефикасност во Бундеслигата. Претходно не се случило некој тим да стигне до 50 погодоци по само 14 рунди. Во 14 натпревари од Бундеслигата, Баерн постигна 51 гол, а прими 11. Тие имаат 38 бода




