Гранит ќе дели дивиденда од 38 денари бруто за акција
Гранит АД Скопје ќе дели дивиденда за минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Според одлуката, висината на дивидендата е 38 денари бруто по акција. За оваа намена се предвидени 105.267.752 денари. Последен ден за тргување со право на дивиденда е 04.06.2025 година, а прв датум на тргување без право на дивиденда е 05.06. 2025 година