Јубилејниот 50. MOT – театарот што менува, стартуваше со „Лимениот барабан“
Со претставата „Лимениот барабан“, според антологиското дело на германскиот нобеловец Гинтер Грас, во режија на Васил Христов и во изведба на Југословенско драмско позориште од Белград, завчеравечер, во Македонскиот народен театар, стартуваше годинашново јубилејно 50. издание на Млад отворен театар (МОТ). Полната сала и аплаузите на присутните се доволен








