Нафтата „Брент“ повторно над 100 долари, гасот во Европа близу 80 евра
Светските пазари на енергенси се под силен притисок, при што цената на суровата нафта „Брент“ повторно ја надмина границата од 100 долари за барел, додека европскиот природен гас се приближува до 80 евра за мегават-час. На светските берзи, нафтата „Брент“ достигна 100,74 долари за барел, поттикната од загриженоста за глобалното снабдување со енергенси










