За Андреј Лазаров: Солзи и аплаузи во спомен на едно младо срце
Фудбалот денеска не беше само игра – беше сеќавање, емоција и почит. На Градскиот стадион во Кавадарци, во чест на прерано загинатиот фудбалер Андреј Лазаров, екипите на ГФК Тиквеш и Работнички одиграа меморијален натпревар кој засекогаш ќе остане запишан во срцата на присутните. Во атмосфера исполнета со тишина, аплаузи и солзи, фудбалерите и публиката



