Млади таленти, литература и уметност на вториот ден од „Денови на културата 2026“ во општина Илинден
Вториот ден од манифестацијата „Денови на културата 2026“ во oпштина Илинден помина во духот на литературата, уметноста и младинската креативност, исполнувајќи го Домот на култура „Илинден“ со бројни културни содржини и богата уметничка програма. Во рамки на традиционалното Литературно матине за деца, беа презентирани најдобрите творби од литературниот




