Не е важна само должината на спиењето: РЕМ-фазата е поврзана со помал ризик од десетици заболувања
Луѓето што поминуваат повеќе време во РЕМ-фазата и во длабок сон може да имаат помал ризик од развој на повеќе заболувања, покажува големо истражување спроведено врз над 95.000 испитаници. Најповолен здравствен исход бил забележан кај лицата што спиеле меѓу шест и осум часа. Истражувачите анализирале податоци од 95.559 учесници во британската база

