Виктор Вембањама со потег за неверување кој ѝ пркоси на физиката
Утрово се одиграа четири натпревари во НБА. Сан Антонио ги победи Клиперс, Портланд му го нанесе на Милвоки 12-тиот последователен пораз, Мемфис убедливо ги совлада Вориорс, а Никс едвај ја задржаа предноста во Минеаполис. Виктор Вембањама беше лидер на Сан Антонио Спарс до победа од 124:112 против Лос Анџелес Клиперс. Францускиот центар уште еднаш






