„Комшилук“ – културна револуција што почнува од соседната врата
Комшилакот си имаше свои непишани правила. Се знаеше кој прави најдобар ајвар, кој секогаш има резервен клуч, кој прв притрчува на помош, но и кој најдобро знае што се случува зад соседската врата. Денес живееме малку поинаку. Се разминуваме во лифтовите, брзаме на работа и понекогаш со години живееме во иста зграда без да знаеме како се вика човекот

