Дел од улица Македонија утре без вода
Од скопски Водовод информираат дека утре (четврток) поради промена на вентил во шахта од Ф-2“ на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул.Македонија (односно потегот од ул.Даме Груев до Рекорд). Прекинот ќе биде од 10:30 часот до завршување со активностите.


