Ким Кардашијан сведочи на суд за грабеж во Париз: Мислев дека ќе ме силуваат и убијат
Таа тогаш имаше 35 години. Сега вели дека сè се променило по тој ден. „Бев убедена дека ќе бидам силувана и застрелана. Се молев и само се надевав дека Кортни нема да дојде во станот и да го види сето ова. Навистина мислев дека ќе умрам“, рече Ким Кардашијан низ солзи. „Ја повикав сестра ми, но никој не се јави. Потоа две лица влегоа во мојата соба