Укинати линии и доцнења: Скопјани револтирани од новиот возен ред
Новиот возен ред во Скопје предизвика бурни реакции кај граѓаните, кои се жалат на доцнења, укинати линии и значително влошена организација на јавниот превоз. Според реакциите што се шират на социјалните мрежи, дел од скопјани тврдат дека автобусите доаѓаат нередовно, а чекањето на постојките трае многу подолго од вообичаено. Посебно погодени се периферните



