Теренот е исполнет со мечиња: Спорт и солидарност на настанот во Куманово
Кошаркарите на Куманово доживеаја пораз од МЗТ Скопје со резултат 56-72 во натпреварот од лигашкиот дел на сезоната. Сепак, резултатот остана во втор план заради хуманата акција која ја обележа вечерта. По завршувањето на натпреварот, теренот беше покриен со плишани мечиња, донесени од навивачите во рамките на најавената иницијатива. На сигнал од трибините,
СПЕКТАКЛ НА КУМАНИ: Стотици мечиња го преплавија теренот
Стотици мечиња вчеравечер завршија на теренот на самиот почеток на мечот меѓу екипите на Куманово и МЗТ, откако навивачката група Кумани и публиката ги фрлија од трибините. Идејата е на самата навивачка група која сака овие мечиња да ги подари на деца од ранливите категории семејства. Како тоа изгледаше погледнете во галеријата подолу: Никола Ивановски
Потегот на денот за Кумановци – хуманоста на прво место
Куманово денеска уште еднаш на дело ја покажа својата хуманост. Пред дуелот меѓу домашниот тим и МЗТ Скопје беше испратен апел до сите оние кои ќе дојдат во сала со себе да понедат плишани мечиња кои ќе бидат донирани на деца од ранливите категории. Фановите го преплавија теренот, гест кој е за поклон.
Кумановци покажаа голема хуманост, „врнеа“ плишани играчки во салата
Кошаркарите на Куманово втор пат за само неколку дена загубија на свој терен од МЗТ Скопје Аеродром. Откако го загубија финалето во Купот, денеска Куманово во рамките од првенството, беа поразени со 56:72. Овој меч беше посебен бидејќи домаќинот реши да направи хуманитарен гест, а навивачите прифатија. Стотици плишани играчки беа фрлени на теренот,





