Убиени двајца команданти на Хезболах, тврди израелската војска
Двајца команданти на Хезболах убиени се во израелски воздушен напад на југот на Либан, соопшти израелската војска. Моин Муза Из ал Дин и Хасан Мајед Диаб загинале вчера градот Тир. Диаб бил одговорен за ракетниот напад на областа Хаифа Беј во четвртокот, во кој животот го загубија мајка и син.