Глумецот Кристијан Бејл обезбеди домови за браќа и сестри без родители
Холивудскиот актер Кристијан Бејл отвори нов станбен комплекс во градот Палмдејл, Калифорнија, наменет за сместување на деца без соодветна родителска грижа. Проектот наречен „Together California“, кој официјално започна со работа минатиот петок, има примарна цел да ги задржи заедно биолошките браќа и сестри што влегуваат во системот за згрижување.



