Американците дури сега открија пијалак што со децении е хит на Балканот
Познатиот американски кулинарски магазин „Тејст оф хоум“ ова лето вклучи еден „невообичаен“ коктел во своите препораки: освежителна мешавина од црвено вино и „кока-кола“. За американскиот пазар, ова е неочекувано добар летен пијалак, но на Балканот, особено во поранешна Југославија, одамна е познат под името бамбус. Во својот летен водич за коктели,