Пожар проголта багер и автомобил во Драчево – нема повредени
Во раните утрински часови на 19 јуни, во скопската населба Драчево избувнал пожар во кој целосно изгореле багер и автомобил марка „Опел Корса“. Возилата биле во сопственост на 45-годишниот М.Б. од село Долно Количани. Пожарот избувнал околу 2 часот по полноќ, на плац каде биле паркирани машината и возилото. Интервенирала екипа на Противпожарната бригада